Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по победата против Манчестер Сити во големото дерби на Премиер лигата, вели дека неговиот тим бил максимално фокусиран на теренот и дека е тоа главната причина што излезе како победник.
„Моравме да се браниме со се што имаме, но, дадовме и убави голови. Тешко беше да се игра под притисок. Моите момци беа комплетно фокусирани и сконцентрирани“ – вели Клоп.
„Само со таква игра можете да го совладате Сити кој покажа одличен фудбал. Сега имаме добра предност, но, ништо не е завршено“ – вели тренерот на „црвените“ кои остануваат на челната позиција на табелата.
