Фудбалерите на Реал Мадрид со убедливата победата на теренот на Еибар со 4:0, успеаа да се изедначат со Барселона на челната позиција во Примера Дивизион. Стратегот на клупата на „кралевите“, Зинедин Зидан, вели дека поразот од Мајорка бил пресвртница за клубот.
„Тешко го прифатиме тоа, но, дефинитвно продолживме да работиме напорно. Сега постепено се подобруваме во сите сегменти“ – вели францускиот стратег.
Бидејќи во наредниот период ќе бидат активни репрезентациите, наредното коло во фудбалскиот шампионат на Шпанија ќе се одигра на 23 ноември. Тогаш Реал Мадрид ќе се сретне со Реал Сосиедат додека Барселона ќе излезе на мегдан со Леганес.