Раководството на Фиорентина започна разговори со искусниот Лучијано Спалети за позицијата тренер на „виолетовите“. Тимот од Фиренца е во лоша низа под водство на Винченцо Монтела, а поразот од 5:2 од Каagари го стави тимот на 9. Позиција на табелата, со само една победа на последните пет натпревари.
60-годишниот стратег е без работа откако го напушти „Сан Сиро“ на крајот на минатата сезона. Иако го напушти Интер, Спалети сепак добива плата од клубот, што би значело дека Фиорентина би требало да му исплати голема сума ако го договори за наследник на Монтела.

