Тренерот на Ајакс Ерик Тен Хаг го сподели своето мислење за дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лигхт.
„Секогаш се обидувам да ги следам играчите со кои сум работел како тренер. Јас сум многу горд на она што го постигна Де Лихт во првите месеци во Јувентус, а тој само ќе расте од натпревар во натпревар. Тој веќе важи за еден од водечките дефанзивци во Европа, и не се сомневам дека во блиска иднина тој ќе стане најдобар на светот на својата позиција. Нема потреба да го критикувате Де Лихт. Тој се стекнува со искуство секој ден, ова е негова прва сезона во странство. Има само 20 години и сè уште е многу млад“, истакна Тен Хаг за италијанскиот весик „Тутоспорт“.
20-годишниот Матијас де Лихт се пресели во Јувентус од Ајакс, каде беше и капитен. Клубот од Торино плати 75 милиони евра за Холанѓанецот.

