Илкан Гундоган кој настапува за англискиот состав Манчестер Сити и воедно за селекцијата на Германија, го потенцираше фудбалерот кој најмногу го импресионирал.
„Меси е најдобриот на светот. Тој има талент и секогаш успева тоа да го покаже на теренот. Тој секогаш има инстинкт да донесе правилна одлука“ – вели играчот на „граѓаните“.
„Никој друг нема толку квалитет како Лионел Меси. Тој е ѕвездата на нашата генерација и најголем фудбалер на сите времиња“ – нагласи Гундоган.