Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, може да го пропушти мечот со Кристал Палас закажан веднаш по кратката пауза во Премиер лигата поради репрезентативните обврски на фудбалерите.
Играчот од земјата на пирамидите се повреди на неделното дерби со Манчестер Сити кога неговиот тим славеше со 3 спрема 1. Според пишувањата на „Дејли Мејл“, 27 годишниот офанзивец кој деновиве ќе ги помине со репрезентативните колеги, ќе биде подложен на специјални медицински третмани.
Уште еден играч на „црвените“ се соочува со повреда и ќе мора да оди на рехабилитација. Станува збор за , Енди Робертсон, кој ќе мора да ги пропушти наредните мечеви на Шкотска.

