Првиот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, објасни зошто не се радуваше на водечкиот погодок против Манчестер Сити во големото дерби на Премиер лигата одиграно во изминатиот викенд.
„Црвените“ поведоа во 6-тата минута кога Фабињо погоди со удар од далечина или само неколку секунди откако имаше спорна ситуација во шеснаесетникот на домаќините. Тогаш се доби впечаток дека Трент Александер Арнолд играше со рака а гостите жестоко реагираа бидејќи не добија пенал.
„Сега знаете дека за секој гол морате да почекате пред да славите, па затоа и јас не славев. Одлуката на ВАР системот мора да се почитува“ – вели играчот на „црвените“.