Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, јасно им ставил до знаење на играчите дека нема да толерира недисциплина и дека виновниците ќе бидат санкционирани.
Затоа во просториите на клубот е објавена листа со казни на која се гледа дека за доцнење пред натпревар и доцнење на состанок пред тренинг, казната е 2.500 фунти. Доцнење во теретана чини 1.000 фунти, на тимски состанок казната е 500 фунти по минута. Најригорозна казна од 20.000 фунти ќе добие фудбалерот кој нема да се појави во точно утврдениот термин за тренинг.
Лампард кој располага главно со млади фудбалери досега забележува одлични резултати во Премиер лигата. Неговиот тим е на третото место на табелата веднаш зад Ливерпул и Лестер.

