Младиот тенисер од Австрија, Диминик Тим, по вчерашната сензационална победа против Новак Ѓоковиќ во второто коло во групата „Б“ на завршниот АТП турнир во Лондон, вели дека го одиграл можеби најдобриот меч во кариерата.
„Тоа беше епски дуел, се надевам дека почесто ќе има такви. Навистина посебен меч, нешто за што сум тренирал уште од моите детски денови. Победа против една од легендите е нешто незаборавно“ – обајсни како се чувствува Тим кој влезе во полу-финалето.
Вториот полуфиналист од групата ќе го даде мечот меѓу Ѓоковиќ и Швајцарецот, Роџер Федерер, кој ќе биде одигран утре во рамките на последното коло.