Македонската млада селекција до 21 година утре во Алкоркон против Шпанија го игра натпреварот од 4. коло во квалификациите за Европското првенство 2021.
Еден од нашите најдобри фудбалери, Давор Здравковски смета дека со мотивирана игра може да се спротистават на фаворитот Шпанија.
„Утре нѐ очекува натпревар против една од најдобрите европски репрезентации. Шпанија е топ фаворит во групата, но и силен мотив за нас. Очекувајте мотивирана Македонија со цел квалитетно да им се спротивставиме на домашните фудбалери. Овие квалификации ги започнавме со добри резултати и ќе направиме сѐ за да го продолжиме тој пат. Ветуваме голема борба и максимална ангажираност од сите во репрезентацијата“ изјави Здравковски.
Натпреварот Шпанија – Македонија се игра утре од 19.45 часот во Алкоркон, по овој натпрева нашата селекција веднаш заминува за Фарски Острови каде на 19.Ноември треба да го одира и следниот натпревар од овие квалификации.