Откако постигна три гола против репрезентацијата на Литванија во натпревар од 9-то коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо го постигна својот 55-ти хет-трик во кариерата.
Најдобра во овој поглед за 34-годишниот напаѓач беше 2011 година, кога на 9 натпревари постигна три гола. Оваа година тој направи 4 хет-трикови. Во репрезентацијата на Португалија, Роналдо дојде до 98 постигнати голови.
Вкупно, Роналдо во моментов има 705 голови во својата кариера. Настапувајќи за Спортинг Лисабон, тој постигна 5 гола. Како дел од Манчестер Јунајтед, Португалецот имаше 118 голови, а во дресот на Реал Мадрид, реализираше дури 450 гола во противничката мрежа. Откако дојде во Јувентус има постигнато 34 погодоци.

