Репрезентацијата на Чешка успеа да направи пресврт на мечот со Косово и да победи со 2:1. Тоа беше резултатот кој и носеше пласман на селекцијата на Чешка на ЕП 2020 година.
Херој на домашната репрезентација синоќа во Плзен беше Дефанзивецот на Спартак Москва, Алекс Крал кој успеа да постигне гол за израмнување, а потоа и да асистира за победа на дуелот со Косово. По завршувањето на оваа средба тој на „Инстаграм“ сподели фотографија од соблекувалната на чешката репрезентација, која си обезбеди пласмна на Европското првенство во 2020 година.
„Одиме на Евро 2020“, напиша Крал на својот „Инстаграм“ објавувајќи ја фотографијата од среќните соиграчи.


