Македонската фудбалска репрезентација претпладнево замина за Виена, Австрија каде утревечер ја очекува претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година.
Нашите репрезентативци ќе се обидат со добра игра да и се реваншираат на Австрија за домашниот пораз од 1:4 и со тоа да покажат дека тоа било само еден лош ден. Последните два натпревари од овие квалификации треба да бидат еден вид подготовка за мартовскиот бараж во Лигата на нации против Косово.
Според планот селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски најнапред во 18 часот ќе ја има официјалната прес-конференција, а потоа репрезентативците ќе го одработат и официјалниот тренинг на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена каде утревечер од 20.45 ќе и излезат на мегдан против домашната селекција на Австрија.