Англискиот премиерлигаш, Манчестер Сити, може да биде исклучен од Лигата на шампионите доколку се потврдат обвинувањата во дел од медиумите во Германија дека „граѓаните“ го прекршиле финансискиот фер-плеј.
Англиските медиуми нагласуваат дека Судот за спортска арбитража во Лозана ја одбил жалбата на Манчестер Сити што значи дека англискиот состав може да биде исклучен од елитната конкуренција на Стариот континент.
Ќе потсетиме дека УЕФА ја започна истрага против Манчестер Сити за кршење на правилата за финансискиот фер-плеј по една објава на весникот – „Шпигел“.

