Бернар Арно кој е прв човек на модниот бренд – „Луј Витон“, повторно се поврзува со купување на италијанскиот фудбалски состав Милан.
Наводите во весникот „Кориере дело Спорт“, велат најбогатиот човек во Европа започнал преговори со челниците на „Елиот Менаџмент“, коисе доминантни сопственици на акциите на Милан.Французинот чие богатство се проценува на околу 93 милијарди евра, наводно за 975 милиони може да стане сопственик на „росонерите“.
Милан иако влезе со големи амбиции во тековнава сезона во Серија „А“, досега не ги оправда очекувањата. Тимот е во голем криза и се наоѓа дури на 14. место на табелата со седум порази по 14 одиграни кола.