Дефанзивецот на нашата репрезентација Дарко Велковски го одигра целиот меч против Австрија. Токму одбраната беше на удар на противникот кој во првото пполувреме напаѓаше со сите сили за да дојде до предност.
„Добро се покажавме со оглед на тоа дека никој не очекуваше да изненадиме. Во првото полувреме повеќе игравме на нашата половина, немавме опасни напади за разлика од вториот дел во кој направивме некоја шанса и мислам дека многу похрабро влеговме. Иако ова беше една подмладена репрезентација одигравме солидно и имавме добри моменти. Првиот гол го примивме по наша грешка. Не очекувавме таков пас од Лајнер, а вториот гол беше малку несреќен но успеавме да издржиме, да не примиме нов гол и да постигнеме гол и ние“, истакна Велковски.

„Сега наша цел е трето место. Секако дека ќе одиме на победа против Израел. Мое мислење е дека шансите се 50-50 затоа што пред нас е солидна и незгодна репрезентација, но ние че дадеме се за да победиме“, заврши Дарко Веловски.

