Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Во Италија: Тренер доби отказ откако победил со 27:0
    Фудбал

    Во Италија: Тренер доби отказ откако победил со 27:0

    risteBy riste17/11/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на италијанската младинска екипа остана без својата работа бидејќи екипата што ја водеше го совлада својот противник со 27:0. Според раководството на клубот, ова било манифестација на непочитување на противникот и лош пример за воспитување на децата.

    Се работи за клубот Инвиктазауро од градот Гросето, кој преставува фудбалско училиште за деца во соработка со Фиорентина. Една од младинските екипи ги совлада своите врсници од Марина Калчо со 27:0. Сепак, ова не им се допадна во клупското раководство.

    „Бевме шокирани и разочарани кога слушнавме дека нашата јуниорска екипа го совладала ривалот со 27:0“, рече претседателот Паоло Брогели.

    „Нашите училишни вредности не се преклопуваат со такво нешто. Противникот секогаш мора да се почитува, но тоа не се случи денес. Како претседател, искрено се извинувам на ФК Марина Калчо. Исто така објавувам дека директорите на клубот едногласно решија да го отпуштат тренерот Ричини. Нашите тренери имаат задача да ги тренираат младите играчи, но пред сè, тие треба да ги воспитуваат. Тоа не се случи денес“, се вели во изјавата на претседателот Брогели.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.