Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо може да ја продолжи кариерата во првенството на Франција, пренесува весникот „Мирор“.
Според изворот, Париз Сен Жермен е заинтересиран за услугите на 19-годишниот англиски фудбалер. Парижаните го гледаат Санчо како потенцијална замена за бразилскиот напаѓач Нејмар, кој изрази желба да се врати во Барселона. Покрај францускиот клуб, екипи како Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона се решени да го ангажираат Џејдон Санчо. Претходно беше објавено дека играчот од средниот ред сака да го напушти Борусија Дортмунд.
Во тековната сезона, Санчо учествуваше на 8 натпревари од германскиот шампионат. 19-годишниот англиски фудбалер успеа да постигне 3 гола и 5 асистенции оваа сезона во Бундеслигата.