Хуго Лорис првиот голман на фудбалскиот состав, Тотенхем, верува дека догодина во јануари ќе се врати на теренот, објавија дел од медиумите во Англија.
Репрезентативецот на Франција кој заработи потешка повреда на мечот со Брајтон одигран во рамките на Премиер-лигата, вели дека ќе работи максимално напорно за да се врати во посакуваниот ритам.
„Мојата цел е да се вратам во јануари. Во секој случај морам да бидам максимално подготвен за да играм“ – изјави Лорис. Познато е дека искусниот чувар на мрежата на мечот со Брајтон лошо падна на тревата и го измести рамото.