Рафаел Надал ќе ја предводи селекцијата на Шпанија на претстојниот дуел со Хрватска во рамките на Дејвис Купот. Најдобриот светски тенисер на АТП листата иако реализираше исцрпувачка сезона, се определи да го носи „дресот“ на Фуријата на мечот со „коцкестите“.
„Сакам да ѝ помогнам на мојата селекција да стигне до подобар резултат“ – потенцираше Надал откако пристигна на Пиринеите.
Годинава Дејвис Куп натпреварувањето ќе се игра по нов формат а на завршниот турнир ќе учествуваат 18 селекции. Шпанија е во групата со Хрватска и Русија. Надал досега има освоено четири титули во Дејвис Купот.