Капитенот на Македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, посакува со победа против Израел да се заврши квалификацискиот циклус за пласман на Континеталниот собир.
„Сакаме да бидеме трети. Игравме во неатрактивна, но, тешка група и само против Австрија потфрливме. На останатите мечеви одигравме добро. Можеби можевме да освоиме и повеќе бодови, но решаваа нијанси“ – вели Пандев.
„Не успеавме да стигнеме до тоа второ место за директен пласман на Евро 2020, па сега третото место би било добар резултат за нас во овие квалификации“, рече капитенот Горан Пандев.

