Роберт Морено нема да остане на кормилото на репрезентацијата на Шпанија. По синоќешната победа над Романија од 5:0 во квалификациите за ЕП, Морено не се појавил на средбата со новинарите и со солзи во очите им ја соопштил веста на репрезентативците.
Иднината на Роберт Морено е топ-тема во Шпанија. Одредени медиуми велат дека Луис Енрике ќе се врати и ќе ја предводи Шпанија на континенталниот собир. Поранешниот тренер на Барса и Рома беше на чело на репрезентацијата до пред неколку месеци, но мораше да се повлече поради болеста на својата ќерка, која за жал ја загуби битката со ракот и почина.