Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го завршува циклусот од квалификациите за ЕП 2020 година со дуел против селекцијата а Израел. Во трка за третото место на табелата, нашите фудбалери ќе одат на победа против гостите, кои во Скопје доаѓаат исто така со желба за победа.
Селекторот Игор Ангеловски на денешниот дуел најверојатно ќе се одлучи за промена на составот од дуелот со Австрија во саботата, затоа што има неколку фудбалери кои се враќаат во првиот тим.
Оттука, во одбраната се очекува да почнат Ристовски, Муслиу, Велковски и Ристевски, во средниот ред ќе бидат Костадинов и повратникот Николов, заедно со поофанзивните Елмас и Барди, а нападот ќе го предводи капитенот Пандев заедно со младиот напаѓач Влатко Стојановски кој погоди на средбата во Виена. На голот ќе биде стандардниот Димитриевски.
Средбата Македонија – Израел стартува од 20.45 часот на нашата Национална Арена.