Натпреварот на младата репрезентација на Македонија до 21 година против Фарски Острови и официјално е одложен.

По денешната инспекција на делегатот на УЕФА на стадиот односно теренот каде што требаше да се игра средбата донесена е одлука оваа средба да биде одложена за јуни 2020 година. Ова значи дека нашите репрезентативци ќе мора повторно да патуваат во оваа земја за да го одиграат квалификацискиот натпревар.
На првиот натпревар кој се играше во Скопје на стартот на квалификациите Македонија убедливо ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 7:1 и беше голем фаворит и на овој натпревар кој за жал немаше услови да се одигра.
