Поранешниот напаѓач на Барселона и шпанска репрезентација Давид Виља верува дека Хари Кејн е најдобриот напаѓач во светот во моментот.
Голгетерот на Тотенхем има 32 гола на 45 настапи во составот на Англија од своето деби во 2015 година. 26-годишниот Кејн постигна хет-трик за репрезентацијата на Англија во победата од 7:0 против Црна Гора на „Вембли“ во квалификациите за Евро 2020.
„Тој е најдобриот напаѓач или најдобрата деветка во светот во моментов. Тој сé што прави е одлично. Кејн е еден од кандидатите за наградата „Златна копачка“ и мислам дека може да ја освои“, рече Виља.
Шпанецот не смета дека Кејн треба да го напушти Тотенхем во наредните години.
„Тој не мора да оди во друг клуб за да се мотивира. Хари Кејн отсекогаш играл за Тотенхем. Тој секогаш ќе биде добар фудбалер и има талент да го направи тоа и во другите првенства”, изјави поранешниот шпански репрезентативец.