Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо нема да добие пари за зимскиот преоден рок, објави весникот „Гардијан“.
Според изворот, раководството го известило португалскиот тренер дека ќе мора да работи со постојниот тим, бидејќи во јануари клубот не би имал средства за засилувања. Жозе, кој потпиша 3-годишен договор со клубот, ја прифатил оваа информација и во првото интервју рече дека е задоволен од сегашниот состав и исто така ќе им даде шанса на играчите на академијата.
Покрај тоа, беше објавено дека за време на преговорите, Мурињо му рекол на претседателот на клубот, Даниел Леви, дека Хари Кејн не треба да се продава следното лето. Тотенхем по 12 натпревари испеа да освои 14 поени и се наоѓа на 14-то место во англиската Премиер лига. Лидер во моментов е Ливерпул, кој на 12 натпревари освои 34 поени.