Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Сити, Едерсон, кој поради повреда го пропушти дербито со Ливерпул, се вклучи во тренинзите на „граѓаните“.
Тоа значи дека Бразилецот ќе му биде на располагање на тренерот, Пеп Гвардиола, за саботно дерби со Челзи. Шампионите по поразот на „Енфилд“ паднаа на четвртото место на табелата со заостанување од 9 бодови во однос на лидерот, Ливерпул.
Во тимот на Манчестер Сити ќе се вратат Давид Силва и Родри додека Лерој Сане, Лапорте и Александар Зинченко, остануваат на списокот на повредени играчи.