Ѕвездата на фудбалскиот состав Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, не сака да го продолжи договорот со „топчиите“ кој му трае до јуни 2021 година. Иако челниците на тимот сакаат да му понудат нова соработка со многу подобри финансиски услови, одличниот напаѓач не сака да избрза со одлуката за да го потпише.
-Обамејанг нема да потпишува нов договор со Арсенал затоа што сака да почека за да види дали Барселона е заинтересирана за неговите услуги – пишува – „Дејли меил“.
Црномурестиот репрезентативец на Габон во 2018 година ја напушти екипата на Борусија Дортмунд и се пресели во редовите на „точиите“. Тој досега е лидер по бројот на постиганти голови во редовите на премиерлигашот.