Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, се обиде да објасни зошто максимално го применува клупскиот правилник за казни на играчите кои ќе ги прекршат правилата.
Неговата реакција доаѓа по само неколку денови откако беше објавена листата со казни која е поставена на видливо место во простириите на „Стемфорд Бриџ“.
„Фудбалерите се дел од процесот во клубот. Не дојдов тука да бидам диктатор. Тука сме да го направиме клубот подобар, мора да има дисциплина. Разбирам дека звучи грубо, но, правилата мора да се почитуваат. Никој не смее да доцни на тренинг, така е во секој клуб“ – изјави Лампард.