Италијанските медиуми објавија дека првиот човек на Наполи, Аурелио Лаурентис, сака да ги казни фудбалери со намалување на платата за 25 проценти откако не го послуша пред мечот со Салсбург и не прифатија да бидат ставени во карантин.
Тоа значи нашиот, Елиф Елмас, кој изминатото лето пристигна во Неапол, може да остане без голем дел од платата. Тој има примања од 1,5 милион евра годишно, што значи дека ќе му бидат скратени 375 илјади евра.
Во исто време, контроверзниот претседател на Наполи планира да направи голем рез во екипата и да се ослободи од повеќе фудбалери кои се издвојуваат во така наречениот бунт. Станува збор за се капитенот Лоренцо Инсиње, Калиду Кулибали, Алан, Дрис Мертенс и Хозе Калјехон.