Поранешниот тренер на Јувентус, Масимо Алегри е голем кандидат за тренерското место во екипата на Наполи.
Масимо Алегри беше присутен на Сан Сиро на мечот меѓу Милан и Наполи по што тргнаа шпекулациите дека тој би можел да биде нов стратег на Наполитанците.
Ситуацијата во Наполи е тешка, претседателот Де Лаурентис ќе прави сериозен ремонт, ќе продаде дел од големите фудбалери поради непослушност, а најверојатно ќе се случи и тренерска смена.

