Португалскиот напаѓач во редовите на Јувентус, Кристијано Роналдо имаше целосна тренинг сесија, објави на својата официјалната веб-страница италијанскиот клуб.
Претходно, напаѓачот го пропушти натпреварот од 13. коло од италијанскиот шампионат во Бергамо против Аталанта (3:1) поради болки во коленото. Дефанзивецот Алекс Сандро и играчот од средниот ред Адриен Рабиот тренираат индивидуално.
После натпреварот со Аталанта, во составот на Јувентус се враќаат и дефанзивецот Матијас Де Лихт, кој има повреда на рамото, напаѓачот Федерико Бернардески (градите) и напаѓачот Даглас Коста (бутот).
Следниот натпревар Јувентус ќе го игра на 26 ноември против Атлетико Мадрид во 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Средбата ќе се одигра во Торино на стадионот „Алијанц“. Со почеток во во 21:00 часот.

