Само ден откако ја освоија јужноамериканската титула, фудбалерите на Фламенго и официјално станаа и бразилски шампиони. Порано од предвиденото, Фламенго ја освои титулата во Бразил за 2019 година.
Победата во првенството за екипата од Рио де Жанеиро ја обезбеди поразот на Палмеирас од Гремио на домашен терен од 2:1 во меч од 34. коло.
Ваквото постигнување на Фламенго го има направено само уште Сантос кој во 1963 година со легендарниот Пеле, успеа во иста година да биде и шампион на Бразил и да го освои Копа Либертадорес.

