Маурицио Покетино е кандидат за наследник на Унаи Емери во Арсенал, ако вториот тим од северен Лондон реши да го отпушти својот тренер. „Топчиите“ стигнаа само до реми викендов против Саутемптон (2:2) и на тој начин имаат само две победи на последните 11 средби.
Масимилијано Алегри и поранешниот играч од средниот ред на Арсенал, Микел Артета се сметаат за фаворити за кормилото на „Емирати“, но поранешниот менаџер на Тотенхем е најбаран во Европа, па и клупските газди на „топчиите“ се обидуваат да го контактираат за можна преселба кај нив.
