Аргентинскиот напаѓач во редовите на Јувентус, Гонзало Игуаин, кој на времето настапуваше заедно со Кристијано Роналдо во екипата на Реал Мадрид, вели дека има голема почит кон Португалецот со кого сега ја дели соблекувалната во Торино.
„Знаеме кој е Роналдо, тој е победник, јас се обидувам да му помогнам на тимот, сите сме значајни без разлика дали сме во составот или надвор од него“ – вели Игуаин.
Интернационалец од Аргентина на средбата со Аталанта го постигна петтиот сезонски гол и заедно со неговиот сонародник, Пауло Дибала, беа најзаслужни за победата на „старата дама“.
