Аргентинскиот напаѓач на Барселона, Лионел Меси во 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите на мечот со Борусија Дортмунд може да го одигра својот 700-ти натпревар за каталонскиот клуб, пренесува весникот „Спорт“.
Доколку с еслучи ова, а би требало тој ќе биде вториот играч во историјата на клубот, кој го достигна овој број. Повеќе натпревари за Барселона одигра само Чави Ернандез, поранешниот играч од средниот ред на тимот, кој излезе на теренот во дресот на Барселона 767 пати.
Меси кој има 32 години е најдобар стрелец во клупската историја. На 699 натпревари за клубот, тој е автор на 612 постигнати голови, а исто има и 248 асистенции.
Натпреварот Барселона – Борусија ќе се одигра утре, на 27 ноември. Средбата ќе се игра на стадионот „Камп Ноу“ , а започнува во 21:00 часот.

