Откако тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, пред мечот со ПСЖ посочи дека е заљубен во Мбапе, алудирајќи на неговите блескави партии на теренот, спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, испрати јасна порака за иднината на младиот фудбалер.
„Дали тој тоа го кажал? Ништо немам слушнато. Можам да кажам дека Мбапе 100 проценти останува кај нас иако преговорите течат“ – потенцираше Леонардо.
Вчерашниот меч во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСЖ одигран во Шпанија заврши нерешено 2:2 а Мбапе беше стрелец на првиот гол за гостите.