Денеска ќе заврши 5 коло во Лигата на фудбалските шампиони. Неизвесноста околу патниците за фазата на елиминации ќе биде пристуна до самиот крај бидејќи поголем дел од екипите имаат теоретска шанса да продолжат во фазата на елиминации.
Денешната понуда ќе започне во 18.55 часот со два меча. Зенит ќе игра со Олимпик Лион додека Валенсија ќе го пречека Челзи. Во вечерниот термин од 21.00 часот ќе бидат реализирани натпреварите: Ливерпул – Наполи, Генк – Салцбург, Барселона – Борусија Д, Славија П – Интер, Лајпциг – Бенфика и Лил – Ајакс.
За денешни возбудувања во елитната конкуренција во фудбалска Европа слушајте на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

