Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски постигна 4 гола против Црвена Звезда во Белград при победата од 6:0.
По 4 постигнати голови против Црвена Звезда, 31-годишниот полски напаѓач дојде до бројот од 46 постигнати голови во Лигата на шампионите. Благодарение на ова, Полјакот го надмина неговиот клупски колега Томас Милер , кој постигна 43 гола во дресот на својата екипа во ова натпреварување. Левандовски е 5-ти играч кој постигна 46 голови во ЛШ.
Повеќе од него имаат само Кристијано Роналдо (127), Лионел Меси (113), Раул (71) и Карим Бензема (63). Оваа сезона, за Баерн Минхен, Левандовски, имајќи ги предвид сите клупски натпреварувања, постигна 27 голови и имаше 1 асистенција, а одигра само 20 натпревари.

