Тренерот на Црвена звезда, Владан Милојевиќ, беше разочаран откако неговата екипа доживеа пораз со 0:6 од Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Милојевиќ даде коментар за самиот натпревар и за тоа колку е далеку неговата екипа од елитните клубови во ЛШ.
„Дали има разочарување – Да, дали е ова нашиот најголем пораз во Европа – Да. Не им реков ништо на играчите по натпреварот. Но, она што им го кажав пред мечот и на паузата беше воопшто да немаме страв. Баерн покажа огромна моќ. но овој страв не ми е јасен. Она што навистина ми пречи е што овој страв не треба да биде во тимот. Не знам зошто е така. Во следните денови ќе се обидеме да седнеме и да разговараме и да видиме зошто е тоа така“, рече Владан Милојевиќ.
На прашањето дали фудбалерите на Баерн се толку страшни што ги исплашиле неговите фудбалери, тој одговори со насмевка: „Па, барем сите видовме со свои очи како изгледаат фудбалерите кои вредат по 100 милиони евра, но мислам дека нема потреба сега да се однесуваме дека е крај на светот ако ние не сме во Европа. Ние сме таму каде што сме. Истите играчи дојдоа овде и нема да се вратиме да се потсетиме на тоа што постигнале. Она што би сакал е да ги вратам играчите да играат со повеќе повеќе жар, желба и да се борат. Ќе ја надминеме оваа тешка загуба на свој начин. И во следните неколку дена ќе видиме која е причината. Нешто треба да се смени како и да е“, заврши тренерот на Црвена Звезда.

