Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, постигна уште еден рекорд во Лигата на шампионите. Синоќа, аргентинскиот репрезентативец погоди во мрежата на Борусија Дортмунд, а токму овој гол му даде уште една екипа во неговото портфолио на тимови против кои успеал да постигне гол во Лигата на шампионите.
„Милионерите“ станаа 34-тата екипа против која Меси погодил во ЛШ. Тоа досега не му успеало на ниту еден друг фудбалер. Дуелот во Лигата на шампионите беше број 700 за Лионел Меси во дресот на Каталонците.

