Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери е разочаран од моменталната состојба во клубот, но најави дека чувствува поддршка од раководството на тимот.
Последниве денови, се шпекулира дека тој ќе биде отпуштен, а фаворит за функцијата е Нуно Еспирито Санто, кој одлично го водеше Волфс.
„Клубот ме поддржува. Јас ја чувствувам оваа поддршка и тоа ме мотивира. Јас навистина го ценам ова многу“, изјавил Емери за англиските медиуми.
„Треба да ја вратиме довербата и да постигнеме добар баланс. Да бидеме покомпактни. Исто така, имаме многу добри играчи, но сега тие играат без самодоверба, затоа и нема резултати во последно време”, дополнил шпанскиот стратег.