Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 68. позиција на ФИФА листата. По ноемвриските квалификациски дуели со Австрија и Израел, освоивме три нови бодови во контото, кои не ни донесоа промена на пласманот.
За нашата селекција ова беше последна шанса за бодови на листата во 2019 година, со оглед на тоа што нема повеќе натпревари.
На врвот немаше промени во првите пет екипи, а Хрватска ја помина Португалија и ја презеде шестата позиција.