Еден од главните дефанзивни фудбалери на Јувентус, Леонардо Бонучи, не сака да игра против екипата на Тотенхем во елиминациската фаза во Лигата на шампионите.
Неговата изјава доаѓа откако „старата дама“ од Торино на едно коло пред крајот на групната фаза успеа да си обезбеди место во елиминациите.
„Би сакал да го избегнеме Тотенхем. Со доаѓањето на Мурињо екипата доби квалитет. Тие ќе бидат уште подобри. Мурињо знае како да извлече повеќе од неговите играчи, не сакам да го навредам Почетино, но, тоа е вистината“ – потенцираше легендарниот играч на Јувентус.

