Дефанзивецот на фудбалскиот состав Милан, Лео Дуарте, ќе биде надвор од спортот во наредните 3 до 4 месеци, потврди клубот. Бразилецот заработи потешка повреда на петата и ќе има долг процес на рехабилитација.
Тој не играше на дербито со Наполи пред една недела а последните испитувања покажале дека неговата повреда е сериозна и затоа веднаш бил опериран.
Дуарте во текот на летото го напушти бразилскиот Фламенго и го облече дресот на „росонерите“. 23-годишниот дефанзивец со неговите добри партии успеа да се избори и за место во стартната постава.

