Првите луѓе на фудбалскиот состав Арсенал денеска ќе решат дали тренерот, Унаи Емери, ќе остане на кормилото или ќе биде направена промена.
Состанокот доаѓа откако „топчиите“ влегоа во катастрофална серија и на седум натпревари во сите конкуренции немаат остварено победа. Според – „Тајмс“, доколку Шпанецот биде отпуштен, неговиот помошник, Фреди Лунберг е прв фаворит да го води тимот на неделниот меч со Норвич закажан во Премиер лигата.
Во фудбалските кругови се шпекулира дека за наследник на Емери може да биде именуван и Нуно Еспирито Санто кој седи на клупата на Вулверхемптон.
