Поранешниот тренер на Валенсија Марселињо е опција за менаџер на Арсенал, според медиумите во Шпанија.
Одредени информациите велат дека претставниците на лондонскиот клуб веќе започнале преговори со 54-годишниот Шпанец. Марселињо беше отпуштен од Валенсија во септември 2019 година, поради скандалот со претседателот на клубот. Под негово водство, оваа екипа го освои Купот на Шпанија 2018/19 година.
Откако денес беше отпуштен Унаи Емери, се појавија голем број шпекулации за неговиот заменик, при што раководството на „топџиите“ се обидува да ја пронајде најдобрата опција. Арсенал не победи на последните седум натпревари, а вчера доживеа пораз на домашен терен од Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на Европа. Додека се во потрага по нов тренер, тимот ќе го води Фреди Љунгберг.

