Француската фудбалска репрезентација се соочува со проблеми во пронаоѓањето на противник за пријателски натпревар во рамките на подготовките за Европското првенство во 2020 година, пренесува „Франс Фудбал“.
Неколку национални тимови одбија да се сретнат со актуелниот светски шампион. Еден од нив беше Белгија, со која Французите требаше да имаат натпревар во март следната година. Одлуката за откажување на оваа средба ја донесе лично селекторот на тимот Роберто Мартинез. Главната причина, како и онаа на другите репрезентации, беше можен пораз, што нема да има најдобар ефект врз психолошката состојба на играчите пред ЕП.
Според агентите вклучени во организација на пријателски натпревари, Белгијците го одбиле мечот со Французите исто така затоа што во случај на пораз би ја загубиле првата позиција на ФИФА ранг листата.