Играчот од средниот ред на Интер, Роберто Гаљардини е повреден, и најверојатно ќе го пропушти дербито со Рома. Тоа е лоша вест за менаџрот Конте, кој ќе се обиде и по ова коло да остане на врвот на табелата во Серија А.
Точниот датум за враќање на Гаљардини се уште останува непознат. Лекарите најавиле дека идната недела повторно треба да на прават прегледи на десното стапало на играчот, пред да донесат конечна одлука за начинот и должината на рехабилитацијата.
25-годишниот играч учествуваше на 12 натпревари за Интер оваа сезона и постигна еден гол.

