Тотенхем е подготвен да го продаде играчот од средниот ред Кристијан Ериксен уште во јануари. Данецот во неколку наврати одбиваше да потпише нов договор со лондонскиот тим, иако раководството му понуди и поголема плата од 230.000 евра неделно, што ќе го направи еден од најплатените играчи во клубот.
Според извори од Лондон, претседателот на клубот Даниел Леви е решен да го продаде Ериксен и јасно стави до знаење дека 27-годишниот играч може да го напушти Тотенхем во јануари, дури и ако тоа негативно влијае на напорите на Мурињо да обезбеди место во ТОП 4 во Премиер лигата.
Цената за која Ериксен може да си оди е околу 50 милиони фунти.